Достапни линкови

Мигрантите го прекинаа штрајкот кај Хоргош


Мигрантите кои се наоѓаат на српската граница со Унгарија кај Хоргош, денеска го прекинаа шестдневниот штрајк. Портпаролот на српскиот Комесаријат за бегалци и миграции, Иван Мишковиќ изјави дека дел од мигрантите кои штрајкуваа ќе бидат распоредени по центрите, а дел од нив ќе останат на граничниот премин Хоргош. Околу стотина мигранти штрајкуваа три дена со глад со барање Унгарија да им дозволи влез во ЕУ. Унгарските власти одбија да ја отворат границата за мигранти.

XS
SM
MD
LG