Достапни линкови

Папата го посети логорот Аушвиц


Папата Франциско денеска го посети логорот Аушвиц во Полска, каде се помоли за починатите 1,5 милиони луѓе, повеќето од нив Евреи, убиени таму за време на нацистичката окупација во Втората светска војна. Од Ватикан соопштија дека Папата не сакал да зборува за време на посетата на логорот, оти како што рекол нема зборови со кои може да се опише ужасот што се случил таму. Папата Франциско се сретнал и со неколку преживеани од холокаустот. Тој во книгата на спомени во Аушвиц напишал „Господи, смилувај се на својот народ. Господи прости му за толкавата суровост“, покажува сликата што ја објавија на Твитер од музејот Аушвиц.

XS
SM
MD
LG