Достапни линкови

Состанок САД - Централна Азија во Вашингтон


Американскиот државен секретар Џон Кери ќе се сретне со министрите за надворешни работи на централно азиските земји на трети август во Вашингтон, соопшти денеска Стејт департментот. Заменик помошникот за Централна Азија во американскиот Стејт департмент Даниел Росенблум, изјави дека состанокот ќе биде дел од новиот формат на дијалог меѓу САД и земјите од Централна Азија. Првиот ваков состанок се одржа во Узбекистан минатата година во ноември. Тогаш политичарите зборуваа за регионалната соработка, борбата со прекуграничните закани и поддршката за стабилност и мир во Авганистан.

XS
SM
MD
LG