Достапни линкови

Објавена видео порака од напаѓачот на црквата во Франција


Екстремистичката организација Исламска држава преку својата онлајн агенција АМАК објави видео на кое е прикажан еден од двајцата мажи кои ја нападнаа црквата во францускиот регион Нормандија оваа недела, како ги повикува муслиманите да ја уништат земјата. На видео снимката зборува Абдел Малик Набир Петитјен кој имал 19 години и бил француски државјанин, а загина откако во напаѓачите пукаше полицијата. При нападот на црквата беше убиен еден светеник.

„Времињата се сменија. Ќе страдате како што страдаат нашите браќа и сестри. Ние ќе се обидеме да ја уништиме вашата земја“, вели човекот на снимката.

Тој ги повикува муслиманите да ги нападнат сојузници на меѓународните коалициски сили кои се борат против исламистичките милитанти во Сирија.

XS
SM
MD
LG