Достапни линкови

logo-print

Опозицијата не гласаше за ребаланс на Буџетот за 2016


Собранието со 55 гласа „за“ и 23 „против“ го донесе ребалансот на Буџетот за 2016 година. За буџетот не гласаа пратениците од опозицијата. Во рамки на неколкудневната општа расправа по предлогот, пратениците од СДСМ и други опозициски пратеници истакнаа дека не се согласуваат со предложениот ребаланс, зашто во него е содржана и еврообврзницата која, според нив, е незаконски издадена.

Ребалансот на Буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177,292 милиони денари на 174,291 милион и на вкупните расходи од 196,276 на 195,472 милиони.Дефицитот е ревидиран од 18,984 на 21,181 милион денари.

XS
SM
MD
LG