Достапни линкови

Исинбаева не доби специјална дозвола за Рио


Олимписката шампионка во скок со стап Русинката Елена Исинбаева не успеа да добие специјална дозвола да настапи на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Меѓународната асоцијација на атлетски федерации им забрани на руските атлетичари настап на Олимпијадата, по скандалот со допинг. За скандалот се обвинуваат руските власти дека го спонзорирале и прикривале. Но сепак од Асоцијацијата рекоа дека некои руски атлетичари ќе имаат можност да се натпреваруваат со посебна дозвола. „Не се случи чудо“, напиша Исинбаева на Инстаграм. Таа досега не паднала на тест на допинг.

XS
SM
MD
LG