Достапни линкови

logo-print

ММФ не одлучи за продолжување на помошта за Украина


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека се уште не одлучиле да ја продолжат финансиската помош за Украина, која беше запрена поради корупциски проблеми минатата година. Портпаролот на ММФ Вилијам Мареј денеска изјави дека Извршниот одбор се уште не гласал да и се даде следниот дел во заемот на Украина, а тоа нема да се случи ниту до средината на август, до кога членовите на одборот се на одмор. Претходно се очекуваше овој месец да се одлучи дали Украина ќе ги добие парите од ММФ. Пакетот финансиска помош кој беше одобрен минатата година е во висина од 17, 5 милијарди долари. Од август 2015 година, Украина добива финансиска помош од ММФ.
Украина чека да и бидат одобрени 1,6 милијарди долари од пакетот за помош наменет за стабилизирање на земјата зафатена од воен конфликт. Украинските власти се обидуваат да спроведат реформи, меѓу нив и против корупцијата за да ги усполнат условите на ММФ. Досега Киев доби 6,7 милијарди долари заем од ММФ.

XS
SM
MD
LG