Достапни линкови

Клинтон ја прифати кандидатурата за претседател


Хилари Клинтон ја прифати номинацијата на Демократската партија да биде нејзин кандидат за претседател. Нејзиниот говор на крајот од четиридневната конвенција го означи почетокот на, според многумина, најскапите и можеби натешките избори во американската историја. „Јасно знаеме против што нашата земја треба да застане. Но, не се плашиме. Ќе се справиме со предизвиците како секогаш“, изјави таа. Нејзиниот републикански ривал милијардерот Доналд Трамп изненади многумина поискусни политичари и експерти со неговиот брз и неочкуван подем.

XS
SM
MD
LG