Достапни линкови

logo-print

Ал Нусра го менува името и раскинува со Ал Каеда


Шефот на екстремистичката група Фронтот на Ал-Нусра во Сирија соопшти дека го менуваат името и ги прекинуваат врските со Ал Каеда. Абу Мохамад ал Џолани денеска во интервју изјави дека Ал Нусра ќе го промени своето име во Џабат Фатах ал-Шам, што на арпаски значи „Освојување на Сирија“ и им заблагодари на командантите на Ал Каеда за тоа што ја разбрале потребата за прекинување на врските. Во едно од ретките телевизиски интервјуа, Џолани рече дека новата група нема да има никакви врски со странски партии.

XS
SM
MD
LG