Достапни линкови

Вооружените сили и разузнавачите под контрола на Ердоган


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган бара вооружените сили и националната разузнавачка агенција да бидат ставени под контрола на претседателот, изјави денеска турски официјален претставник. Таа промена ќе бара уставни промени, а за тоа власта ќе треба да се договори со опозицијата.
Коментарите дојдоа по состанокот на Врховниот воен совет на Турција на кој се разговарало за ремонтот на вооружените сили по неуспешниот воен удар во земјата пред десетина дена. Турските власти подоцна ќе објават објават детали за промените.

XS
SM
MD
LG