Достапни линкови

Војници на САД повредени во операција во Авганистан


Пет американски војници се повредени во борба со милитантите кои себе си се нарекуваат припадници на Исламската држава, во источниот дел на Авганистан, соопшти командантот Џон Николсон. Тој изјави дека војниците се повредени за време на заедничката акција со авганистанските специјални сили против милитанти во провинцијата Нангархар.

Американскиот претседател Барак Обама во јуни ја смени политиката на забрана на американските сили да учествуваат во воени операции против милитантите во Авганистан, освен во ситуации кога е потребен исклучок.

На американските сили сега им е дозволено да учествуваат во воздушни напади и да користат други воени средства против талибанците и другите милитанти, ако тоа е за да им се даде поддршка на авганистанските владини безбедносни сили.

Милитантите не ИД презедоа територија и си направија упоришта во делови од провинцијата Нангархар.

XS
SM
MD
LG