Достапни линкови

Бугарија носи нов закон за борба против тероризмот


Бугарскиот Парламент денеска го усвои новиот закон за борба против тероризмот, што на владата и дозволува да ги ограничи граѓанските права за време на вонредна состојба. Законските измени, што се усвоени во прво читање, мораат да бидат уште еднаш одобрени, ќе овозможат проширени постапки што полицијата и безбедносните служби ќе можат да ги сторат во случај на терористички напад.

Новиот бугарски закон на полицијата и овозможува пристап до приватната сопственост во текот на антитерористичките операции и и дава право, во случај на потреба, да употреби автомобили на граѓаните.

Неколку источноевропски земји, меѓу кои Полска и Унгарија, веќе усвоија антитерористички закони, а слични мерки усвои и Романија.

XS
SM
MD
LG