Достапни линкови

Димитриев - Невработеноста на историски најмало ниво


Во моментов процентот на невработени лица е на историско најмало ниво, 24,5 отсто. Во 2006 година тоа изнесуваше 38 отсто. Тоа е огромен пад во ситуации кога имавме неколку кризи, светска економска, должничка и нашата политичка криза. Главно по две основи се влијаеше за намалување на невработеноста, преку отворање нови работни места и директни инвестиции и преку мерките кои ги носеше Владата. Ова денеска го истакна премиерот Емил Димитриев на 109. седница на која беа поставувани пратенички прашања.

Осврнувајќи се на програмите, Димитриев рече дека најголем ефект во намалување на невработеноста има таканаречениот оперативен план за вработувања преку кој досега се вработени вкупно 62.906 граѓани на Македонија.

XS
SM
MD
LG