Достапни линкови

Меркел нема да ја менува политиката кон бегалците


Германската канцеларка Ангела Меркел остро ги осуди неодамнешните брутални напади во Германија и ги отфрли предлозите земјата да ја смени политиката кон бегaлците. Меркел денеска пред новонарите рече дека нападите сакале да ја намалат подготвеноста на Германија да прифати луѓе кои се во неволја.

„Тие гледаат страв и омраза меѓу културите и меѓу религиите, но ние сме одлучно против тоа“, изјави Меркел. За една недела во Германија се случија четири напади во кои загинаа 13 луѓе, меѓу кои тројца напаѓачи, а десетици луѓе се повредени.

Меркел вели дека нападите се шокантни, неподносливи и депресивни, но не се знак дека властите ја загубиле контролата.

XS
SM
MD
LG