Достапни линкови

Путин отпушта гувернери, амбасадори, шефови на агенции


Руските власти разрешнија неколку шефови на агенции, гувернери, а оставка доби и амбасадорот во Украина. Премиерот Дмитриј Медведев ја прифати оставката на шефот на Федералната царинска служба Андреј Белјанинов кој е дел од истрага за шверц со алкохол. Путин смени гувернери на неколку области, како областа Киров, Калининград, Јарослави, како и гувернерот на пристанишниот град Севастопољ во анектираниот Крим, а назначи и нови пратеници во сибирските региони. Путин, исто така, го отпушти и рускиот амбасадор во Украина, Михаил Зурабов. Реорганизација доаѓа во пресрет на парламентарните избори закажани за септември.

XS
SM
MD
LG