Достапни линкови

Русија и Сирија користат касетни бомби


Руските и сириските сили повторно користат касетни бомби, кои се забранети, во северниот дел на Сирија, соопштија денеска од организацијата Хјуман рајтс воч. Во извештајот на организацијата за човекови права се наведува дека имаат документирано 47 случаи на употреба на касетни бомби во изминатите два месеци. Во нападите се убиени и повредени десетици цивили, се вели во извештајот. Околу 100 земји во 2008 го потпишаа договорот на ОН за забрана на употреба на касетни бомби. Русија и Сирија не се потписници на договорот, но се обврзани да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и законите на војувањето. Русија во минатото негираше дека користи касетни бомби во Сирија.

XS
SM
MD
LG