Достапни линкови

Турција обвинува - Ѓулен планира бегство од САД


Ако успееше воениот удар во Турција, тогаш исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, ќе се вратеше во земјата исто како ајатолах Хомеини во Иран, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздаг. „Тој ќе се вратеше како Хомеини и ќе имаше една сосема различна Турција, која не сакам дури ни да ја замислам“, истакна Боздаг.

Боздаг нагласи дека според разузнавачки информации, со кои располага Турција, Ѓулен размислувал за бегство од САД во друга држава, за која смета дека нема да го екстрадира во Турција.

Турскиот министер истакна дека евентуален избор на исламскиот духовник би можеле да бидат Египет, Мексико, Канада, Австралија или Јужна Африка.

XS
SM
MD
LG