Достапни линкови

Чавков: Можеме да се справиме со терористички закани


Македонија има силно изградена професионална структура во рамки на МВР, која на дневна основа комуницира со партнерски служби во регионот и пошироко, разменување многу информации и тоа само по себе е гаранција дека навремено би превенирале, ефективно би одговориле на евентуални терористички закани. Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Митко Чавков на новинарско прашање за тоа дали Македонија може да биде цел на терористички напади и дали сме подготвени да одговориме односно да превенираме.

„Има реални можности за евентуален терористички напад, за тоа не треба посебна експертиза, едноставно треба да се водиме од индикаторите кои постојат. Ние досега сме покажале високи професионални капацитети во справување со терористички-насилни групи и ефективно сме се справиле со нив“, рече Чавков, по денешната промоција на 24-те нови возила донација за Граничната полиција од меѓународната организација за миграции.

Според него, останува потребата од мобилизација на целокупното општество во рамки на Нацоналната стратегија за превенција од и борба против тероризам. Состојбите во Европа и пошироко, истакна, упатуваат на тоа дека нема простор за теоретско елаборирање на овие проблеми и за импровизација, туку треба конкретно и фактичко подготвување за евентуален терористички напад, бидејќи се многу реални.

XS
SM
MD
LG