Достапни линкови

logo-print

Русија нуди хуманитарни коридори во Алепо


Руската и сириската влада се дoговориле да се отвори хуманитарен коридор за цивилите да го напуштат градот Алепо во северна Сирија, соопштија руските власти. Исто така е понудена и можност и за борците кои сакаат да го положат своето оружје. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја даде оваа изјава откако силите на сириската влада ја повратија контролата на регионите околу Алепо, каде се уште се наоѓаат заробени околу 250 илјади цивили. Шојгу спомена три хуманитарни коридори, како и пунктови за храна и прва помош надвор од градот. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека хеликоптери испуштале летоци со податоци и мапи на кои се исцртани рутите. Во Дамаск, сирискиот претседател Башар Асад понуди амнестија за бунтовниците кои ќе го положат оружјето и ќе се предадат на властите во следните три месеци, објави сириската државна телевизија.

XS
SM
MD
LG