Достапни линкови

logo-print

Собранието денеска за договореното од партиите


До Собранието на Македонија беа доставени измени и дополнувања на законите договорени од претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино во насока на подготовка на одржување на предвремени парламентарни избори и излез од политичката криза. Претседателот на Собранието за денеска во 14:30 часот ја закажа 113 седница на која треба да биде констатирана потребата и носење на овие закони, информираат од Собранието. Станува збор за измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за кривична постапка и на Изборниот законик. Претходно, за 11 часот, во Собранието е закажана седница за поставување пратенички прашања. Инаку, по тридневна дебата, вчера заврши општата расправа за ребалансот на Буџетот за 2016 година. Гласањето ќе биде утре, на продолжението на оваа седница.

XS
SM
MD
LG