Достапни линкови

Нема терористички напад пред Канцеларија за бегалци во Германија


Илустрација.

Илустрација.

Не станува збор за бомбашки напад од страна на терористи или анти-имигрантски екстремисти во близина на Канцеларијата за регистрирање бегалци во градот Цирндорф во близина на Нирнберг во германската сојузната држава Баварија, соопшти полицијата.

Германското Баварско радио претходно објави дека имало експлозија во близина на Канцеларијата. Полицијата сега вели дека експлодирала боца со спреј која се наоѓала во куфер. Нема повредени.

Во Баварија во изминатите десетина дена имаше три напади. Баварија се наоѓа на југот на Германија и е порта за илјадниците бегалци кои пристигнаа во земјата како резултат на либералната политика за азил на канцеларката Ангела Меркел.

XS
SM
MD
LG