Достапни линкови

logo-print

Австрија ќе екстрадира човек поврзан со нападите во Париз


Пакистанецот кој е осомничен дека имал врски со терористите кои го извршија нападот во Франција во ноември минатата година ќе биде екстрадиран во Франција, соопшти портпаролот на Судот во Линц, Австрија. При нападите во Париз загинаа 130 луѓе. Портпаролот на регионалниот Суд во градот Линц рече дека екстрадицијата е дозволена, но не даде повеќе детали. Според австриските медиуми, човекот кој ќе биде екстрадиран и уште еден човек имале контакти со напаѓачите во Париз. Двајцата беа уапсени во декември минатата година во центарот за бегалци во Салцбург. Францускиот весник Ле Монд објави дека двајцата заедно патувале од Сирија до грчкиот остров Лерос со браќата од Ирак кои се разнесоа во близина на стадионот во Париз.

XS
SM
MD
LG