Достапни линкови

logo-print

Папата: Светот е во војна, но не религиозна


Папата Френциско денеска изјави дека серијата неодамнешни терористички напади, вклучувајќи го и убиството на свештеник во римокатоличката црква во Франција, е доказ дека „светот е во војна“. Папата изјави дека не станува збор за религиозна војна, туку војна за доминација над луѓето и економските интереси.

Папата ги даде овие забелешки пред да отпатува за Краков, Полска, каде се одржува настанот познат како Светскиот ден на младите. На настанот ќе присуствуваат стотици илјади верници од 187 различни земји.

XS
SM
MD
LG