Достапни линкови

logo-print

СДСМ бара кандидати за медиумите


СДСМ денеска упати повик за кандидирање за членови во ад хок телото кое ќе врши контрола на медиумите во предизборниот период и за главен и одговорен уредник на МТВ.

„СДСМ јавно упатува повик до сите поединци – професионалци, професионални новинарски здруженија, граѓански организации, сами да се кандидираат или да кандидираат други професионалци од оваа област за членови во ад хок телото коешто ќе врши контрола мониторинг на однесувањето на медиумите во целиот предизборен период. Истиот повик го упатуваме и во делот на кандидати за главен и одговорен уредник на МТВ“, изјави потпретседателката на партијата Радмила Шекеринска.

На Македонија, како што рече, и се неопходни фер и демократски избори, а такви избори се невозможни ако медиумите не известуваат објективно и професионално.

Потпретседателката на СДСМ рече дека рокот за формирање на ад хок телото, предвиден со законот што допрва треба да биде усвоен, е 19 август.

Според Шекеринска, законите кои беа усогласени од претставници на четирите политички партии, а се однесуваат, главно, на ингеренциите на министерот за внатрешни работи и на медиумите, според договореното, до петок треба да бидат изгласани во Собранието. Рече дека законите чекаат на потпис на координаторите на пратеничките групи.

XS
SM
MD
LG