Достапни линкови

Иванов: Македонија подготвена за евентуален нов мигрантски бран


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Македонските безбедносни сили се подготвени за евентуален втор мигрантски бран, рече претседателот и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов. Тој во во придружба на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски денеска ги посети припадниците на АРМ ангажирани на јужната граница.

„Иако Балканската рута е затворена неколку месеци, Армијата констатира зголемен број илегални минувања на државната граница и појава на криумчарење мигранти преку нашата територија. Армијата заедно со полицијата имаат спречено 18.000 илегални преминувања“, рече претседателот Иванов.

XS
SM
MD
LG