Достапни линкови

Турција приведе најмалку 15 илјади луѓе по обидот за пуч


По неуспешниот обид за пуч во Турција се приведени повеќе од 15 илјади луѓе, меѓу кои 10.000 се војници, јави Си-Ен-Ен Турк, повикувајќи се на соопштение на министерот за внатрешни работи Ефкан Ала. Ала наведе дека официјално се уапсени вкупно 8.113 лица и дека сите ги чека судење.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим претходно предупреди дека се уште не е завршена чистката почната по неуспешниот воен удар и дека се можни нови апсења.

XS
SM
MD
LG