Достапни линкови

logo-print

Вељаноски најредовен, Сугаревски најактивен, а Ахмети не зборувал


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и уште 33 пратенци немаат отсуство на ниту една од пленарните седници што Собранието ги одржа во периодот јануари - јуни 2016 година, покажуваат резултатите од публикацијата „Мојот пратеник“. Најмногу за дискусија на пленарна седница, 26 пати се јавил Горан Сугарески од СДСМ, а има и најмногу реплики. Зад него се неговите сопартијци Марјанчо Николов и Томислав Тунтев. Најмногу амандмани 1.087 поднел Горан Милевски од ЛДП. Најголем број на предлог закони 12, пак, има поднесено пратеничката група на СДСМ, најголем број на пратенички прашања има поставено Нора Алити од ДУИ. Најголем број на дискусии на седници на работни тела има Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ. На пленарните седници воопшто немаат дискутирано 15 пратеници меѓу кои се и Али Ахмети и Артан Груби од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА. Најмногу оправдани отсуства од пленарните седници имаат Хазби Лика од ДУИ (65) по што следат Али Ахмети со 64, Мендух Тачи со 63 и Артан Груби со 61 отсуство.

XS
SM
MD
LG