Достапни линкови

logo-print

Десетици жртви во бомбашки напад во Сирија


Најмалку 44 луѓе загинаа, а десетици се повредени во бомбашки напад во претежно курдскиот регион Камишли во Сирија, соопштија државните медиуми и локалните жители. Одговорноста за нападот ја презеде милитантната група Исламска држава. Локалните жители велат дека камион натоварен со експлозив експлодирал во западниот дел на градот, а жртвите се претежно цивили.

XS
SM
MD
LG