Достапни линкови

Околу 1,5 отсто од турската армија учествувале во обидот за пуч


Турската армија денеска соопшти дека во неуспешниот обид за воен удар учествувале 8.651 војници, што е 1,5 отсто од вкупниот број на припадници на вооружените сили во Турција. Според армијата, сите овие војници се членови на терористичка мрежа предводена од Фетулах Ѓулен. Пучистите за време на воениот удар на 15 јули користеле 35 авиони од кои 24 ловци, 37 хеликоптери, 37 тенкови и 246 оклопни возила, се наведува во соопштението на турската армија.

XS
SM
MD
LG