Достапни линкови

Турција ќе апси уште 47 новинари


Турција издаде налог за апсење на 47 новинари, што е нова пресметка со медиумите по неуспешниот воен удар, објавија денеска тамошните медиуми.

Новинарите работеле за весникот Заман, кој, наводно е поврзан со проповедникот Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за пуч, соопшти државната агенција Анадолија. Во весникот во март беше спроведена рација, по што тој падна во владини раце. Претходно оваа недела, беа издадени налози за апсење на 42 други новинари. Турција и пред обидот за воен удар беше критикувана дека ја ограничува слободата на медиумите.

XS
SM
MD
LG