Достапни линкови

logo-print

Верските лидери во Франција повикаа на единство


Верските лидери во Франција повикаа на единство по нападот на католичката црква при што беше убиен еден свештеник. Одговорноста за нападот ја презеде организацијата Исламска држава. По состанокот со претседателот Франсоа Оланд, бискупот на Париз Андре Винг Трои ги повика католиците да ја надминат омразата. Тој вели дека не треба да влегуваат во играта што Исламската држава сака да ја наметне, односно да ги сврти луѓето едни против други. Парискиот имам Далил Бубакер рече дека француските муслимани треба да се заложат за подобро образование на имамите, како и за реформи на француските муслимански институции. Тој побара и да се засили безбедноста на местата каде се одржуваат верски обреди.

XS
SM
MD
LG