Достапни линкови

Нестабилни услови, а стабилен финансиски систем


И во услови на неповолни домашни случувања, македонскиот финансиски систем ја задржа својата стабилност, заклучиле претставници на институциите задолжени за надзор и регулирање на финансискиот систем во Македонија. На редовниот состанок во НБРМ, претставниците на Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност разговарале за движењата и ризиците со кои се соочуваат одделните сегменти од финансискиот систем во земјата и за потребата од преземање, поединечни или координирани, идни мерки и активности. На средбата било разговарано и за напредокот во унапредувањето на регулативата и стандардите за работење на финансиските институции, во согласност со меѓународните практики и директивите на Европската унија.

XS
SM
MD
LG