Достапни линкови

Пожар во болница во Тирана, тројца загинати


Три лица загинаа во пожар што изби на Одделението за дијализа во Американската болница во Тирана. Како што јавија албанските медиуми, пожарот го предизвикал еден маж, кој е меѓу загинатите. Целта на нападот бил еден пациент, кој е повреден. На инцидентот му претходела караница, по што предизвикувачот на пожарот, со бензин го потурил пациентот и го запалил.

XS
SM
MD
LG