Достапни линкови

Напаѓачите во Ереван зедоа нови заложници


Ерменската полиција денеска соопшти дека прo- опозициската група која зазеде полициска станица во Ереван, денеска зелa четири медицински лица како заложници. Портпаролот на полицијата Ашот Ашаронијан изјави дека тие ги зеле како заложници откако медицинските лица влегле во полициската станица за да им помогнат на двајца напаѓачи кои биле повредени за време на престрелките со полицијата преку ноќта. По престрелката се хоспитализирани двајца напаѓачи и еден полицаец. Медицинската екипа влегла во станицата за да им помогне на двајца напаѓачи кои одбиле да одат во полиција. Вооружената група ја зазеде полициската станица пред 10 дена. Тие бараат да се ослободи нивниот лидер кој е во затвор, а претседателот Серж Саркасијан да си даде оставка.

XS
SM
MD
LG