Достапни линкови

logo-print

Естонија наместо Британија на чело на ЕУ во 2017


Естонија ќе го смени нејзиното предвидено претседавање со ЕУ за шест месеци понапред и во втората половина од идната година ќе го пополни местото на Британија, решено е во Брисел. Британија во минатата недела најави дека нема да претседава што е прва конкретна последица од рефрендумот на кој е изгласано таа земја да излезе од Унијата. Британската премиерка Тереза Меј изјави дека во тоа време Британија ќе биде многу зафатена со преговори за излез од Унијата. Инаку, Хрватска, последната земја која влезе во Унијата во 2013 година и која не запишана во календарот, ќе претседава со ЕУ во првата половина на 2020 година.

XS
SM
MD
LG