Достапни линкови

Продолжува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот


Собранието на Македонија денеска ќе ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот. Во вчерашното продолжение на 111. седница пратениците повторно спореа околу издавањето на еврообврзницата, висината на каматната стапка и задолжувањето. Според СДСМ, ребалансот треба да се повлече од дневниот ред зашто во него се содржани парите од еврообврзницата, а капиталните инвестиции се намалени за сметка на дефицитот. ВМРО-ДПМНЕ пак, остана на ставот дека управувањето со јавните финансии е врвен приоритет. Расправата за ребалансот, согласно собранискиот Деловник, трае најмногу пет дена.

XS
SM
MD
LG