Достапни линкови

Обама: Русија можеби е зад аферата со мејловите на Демократите


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е можно Русија да стои зад големото протекување на мејлови од Демократската партија со цел да влијае врз претседателските избори. „Се е можно. Знам дека експертите тоа им го препишуваат на Русите“, рече тој во интервју за „НБЦ њуз“. Објавувањето на илјадници мејлови од Демократскиот национален комитет покажа дека партиските лидери ја фаворизирале Хилари Клинтон на сметка на нејзиниот партиски ривал за претседтелската кандидатура Берни Сандерс.

XS
SM
MD
LG