Достапни линкови

Турција уапси воени генерали кои служеле во Авганистан


Турски војници во Авганистан.

Турски војници во Авганистан.

Турција денеска уапси воени генерали кои служеле како дел од НАТО силите во Авганистан, во рамки на акцијата за справување со обидот за воен удар. Турските медиуми соопштија дека се уапсени генерал-мајор Мехмет Чахит Бакир и бригадниот генерал Сенер Топук. Тие биле уапсени на меѓународниот аеродром во Дубаи, под сомнение дека имаат врски со обидот за пуч. Бакир е командант на оперативната група на Турција во Авганистан. Топук е шеф на одделот за назначување на турските копнени сили. Државната новинска агенција Анадолија јавува дека тие се уапсени благодарение на соработката меѓу турската разузнавачка служба и властите на Обединетите Арапски Емирати. Уапсените биле испратени во Tурција. Портпаролот на НАТО силите во Авганистан денеска изјави дека турскиот контингент продолжува со својата мисија, без да даде дополнителни коментари.

XS
SM
MD
LG