Достапни линкови

САД го осудија нападот во Франција


Соединетите Држави најостро го осудуваат нападот на црква во Франција при што е убиен свештеник и нудат помош во истрагата за нападот. Портпаролот на Белата куќа Нед Прајс денеска рече дека Франција и САД се посветени на заштита на верските слободи и дека денешниот насилен акт нема да ги поколеба во таа посветеност. Тој ја пофали „брзата и одлучна“ акција на француската полиција. Во нападот е убиен еден свештеник, а потоа полицијата уби двајца напаѓачи.

XS
SM
MD
LG