Достапни линкови

Досега 85 руски спортисти добија забрана за Рио


На вкупно 85 спортисти од олимпискиот тим на Русија кој брои 387 члена им е забрането да учествуваат на Олимписките игри во Рио, поради допинг скандалот. Но ова не е конечен број на спортисти кои може да добијат забрана. Најмногу, вкупно 67, од они кои добиле забрана се атлетичари.
Денеска Меѓународната кајакарска федерација им забрани на седум спортисти, вчера пак им беше забрането на пливачи и на членови на веслачкиот тим.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) на 24 јули пресуди дека нема да воведе целосна забрана, но дека федерациите сами треба да одлучат дали ќе му забранат на некого да учествува на Олимпијадата.

XS
SM
MD
LG