Достапни линкови

logo-print

Дачиќ - Србија не ја менува позицијата за Косово


Српскиот министер за надворешни работи во техничката Влада Ивица Дачиќ, по повод изјавата на косовската министерка Едита Тахири дека Србија ќе мора да ја менува уставната преамбула заради актуелниот статус на Косово, денеска порача дека неговата земја нема да ја менува својата позиција за Косово.

„Не е битен ниту Уставот, ниту преамбулата, овде станува збор за тоа дека ние не го признаваме едностраниот чин на сецесија“, порача Дачиќ.

XS
SM
MD
LG