Достапни линкови

Полицијата во Бангладеш уби девет милитанти


Полицијата во Бангладеш застрела девет милитанти за кои се сомневале дека планирале напад како оној на 1 јули на едно кафуле, при што загинаа 22 луѓе. Полицијата соопшти дека ја опкружиле зградата во која се наоѓале милитантите, по што тие отвориле оган кон полицајците, а тоа резултирало со интензивна престрелка.Тамошната полиција вели дека милитантите биле членови на екстремистичката група Џамаат-ул-муџахедини Бангладеш, која и изрази верност на организацијата Исламска држава. Еден повреден милитант бил фатен, а еден успеал да избега. Властите заплениле оружје и големо количество на експлозив.

XS
SM
MD
LG