Достапни линкови

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Нормандија


Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во црква во францускиот регион Нормандија. Од екстремистичката организација тврдат дека напаѓачите биле војници на ИД. Францускиот претседател претходно изјави дека напаѓачите пред да бидат убиени рекле дека се поврзани со Даеш, што е арапското име за Исламската држава. Двајцата напаѓачи при нападот убија еден свештеник и зедоа заложници, а потоа беа убиени од страна на полицијата. Властите соопштија дека третиот осомничен е уапсен.


XS
SM
MD
LG