Достапни линкови

logo-print

Еврообврзницата продадена, парите легнати на сметка


Министерот за финансии Кирил Миноски

Министерот за финансии Кирил Миноски

Финализирана е продажбата на еврообврзницата. Издадени им се обврзниците на инвеститорите, а средствата се уплатени на сметката на Министерството за финансии во Народната банка, соопшти Министерството за финансии. Од министерството велат дека согласно постапката за издавање еврообврзница, денеска е потпишано и приложено правното мислење потпишано од министерот за правда кое се издава на денот на трансакцијата.

Во соопштенито на Министерството повторно се обвинува опозицискиот СДСМ дека е виновен за ширење невистини за еврообврзницата, како и за повисоката каматната стапка како резултат на ефектите од таа кампања. Министерството наведува дека ќе ги преземе сите законски мерки за санкционирање на однесувањето на СДСМ.

XS
SM
MD
LG