Достапни линкови

Кремљ ги отфрла обвинувањата за мејловите


Кремљ ги отфрла обвинувањата дека Русија стои зад протекувањето на службените мејлови на Националниот комитет на Демократската партија. За руските власти таквите тврдења се апсурдни. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков забележува и на употребата на Русија во претседателската кампања во САД. Тој вели дека се уште опсесивно се гледа на темата Русија. Американскиот државен секретар Џон Кери, претходно изјави дека на оваа тема ќе разговара со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на денешниот состанок. Лавров ги отфрли обвинувањата на Хилари Клинтон дека Русија стои зад протекувањето на мејловите.

XS
SM
MD
LG