Достапни линкови

Еврообврзницата доби и правно мислење


Правното мислење за еврообврзницата е потпишано денеска од страна на министерот за правда, рече министерот за финансии Кирил Миноски на собраниска расправа за ребалансот на Буџетот. Тој повтори дека против оние кои, како што вели, со невистини и шпекулации, ја дискредитиралe работата на институциите и министрите ќе поднесат пријави.

СДСМ преку соопштение наведува дека уште еднаш се покажала на дело тендерската коалиција ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ. Во соопштението се наведува дека министерот за правда Валдет Џафери издал пост фестум правно мислење за веќе издадената еврообврзница од 450 милиони евра, што е противзаконски.

„Тоа значи дека и Џафери влезе во кривично дело, заедно со Миноски и Бришковска“, велат од СДСМ. И од СДСМ повторуваат дека сите инволвирани ќе одговараат за финансиско злосторство врз граѓаните на Македонија.

XS
SM
MD
LG