Достапни линкови

logo-print

Одобрени пари за далноводот Албанија-Македонија


Албанскиот министер за енергетика и индустрија Дамијан Ѓикнури и германската амбсадорка во Албанија, Сузане Шулц денеска во Тирана потпишаа договор за финанисирање на 400 киловолтниот далновод Албанија-Македонија. Првиот дел се германски кредит во износ од 50 милиони евра, додека 14 милиони евра се грант од ЕУ, изјави Ѓикнури по потпишувањето на договорот. Проектот, според Ѓикнури, опфаќа интерконективно поврзување со Македонија и изградба на две станици, во Фиер и Елбасан.

Интерконективната линија Елбасан-Битола, ќе биде прво енергетско поврзување меѓу Албанија и Македонија. Изградбата е предвидено да почне во првата половина од 2017 и да заврши во 2020 година.

XS
SM
MD
LG