Достапни линкови

Пет руски кајакари добија забрана за ЛОИ во Рио


Светската кајакарска федерација им забрани на пет руски спортисти да настапат на Олимписките игри во Рио. Забраната важи и за олимпискиот шампион Александар Дјаченко и за Алексеј Коровашков кој освои бронзен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012. Од Светската федерација денеска соопштија дека петтемина спортисти се вмешани во анти-допинг скандалот и се опфатени во извештајот на Светската анти-допинг агенција.

„Ова е горчлив удар за олимпиското движење и ние жалиме што нашиот спорт е вмешан во тоа“, рече генералниот секретар на Федерацијата Симон Тулсон.

На 24 јули Меѓународниот олимпски комитет соопшти дека нема да им забрани на руските спортисти да учествуваат во Рио, но дека им остава на светските федерации секоја за одлучи дали ќе воведе забрана за некого. Вчера руски пливачи добија забрана да учествуваат на летната олимпијада.

XS
SM
MD
LG