Достапни линкови

logo-print

Рускиот прв цариник на сослушување


Андреј Белјанинов, претседател на Федералната царинска агенција

Андреј Белјанинов, претседател на Федералната царинска агенција

Руската федерална служба за безбедност соопшти дека сослушале висок царински службеник и го пребарале домот на негов поранешен советник. Ова е вторпат за една недела безбедносните служби да преземаат акција против друга владина служба. Весникот Новаја Газета објави дека Службата за безбедност ја претресувала канцеларијата на Андреј Белјанинов, претседател на Федералната царинска агенција и домот на бизнисменот Сергеј Лобанов. Операцијата е дел од истрагата за шверц со алкохол, што доведе до апсење на тројца бизнисмени во Санкт Петербург во март, пишува весникот.

На 19 јули, Службата за безбедност уапси тројца московски инспектори осомничени дека земале мито.

XS
SM
MD
LG