Достапни линкови

Ердоган и Путин се среќаваат на 9 август


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја посети Русија следниот месец и ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, соопштија турските власти. Ова ќе биде прва средба меѓу двајцата претседатели откако Турција се извини за соборувањето на рускиот воен авион минатата година. Новинската агенција Анадолија јавува дека Путин и Ердоган ќе се сретнат во Санкт Петерсбург на 9 август. По соборувањето на авионот, Русија воведе санкции кон Турција. Двете страни ги затоплија односите откако Ердоган испрати писмо со извинување.

XS
SM
MD
LG